Илиоски: Непринципиелниот македонско-бугарски договор отвора сомнежи за разнебитување на македонскиот народ

За жал тоа што се случи вчера со потпишувањето на непринципиелниот договор од страна на Владата на Македонија и премиерот на оваа влада со бугарската влада, отвора сомнежи за разнебитување на македонскиот народ, разнебитување на македонските национални интереси и ние како ВМРО-ДПМНЕ во првата прилика, кога ќе имаме можност да го разгледаме и да влијаеме на договорот, истиот ќе се преразгледа и ќе биде изменет.

Ова го истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Зоран Илиоски, кој денеска за Илинден присуствуваше на Семакедонската средба во село Трново, битолско.

„Ние како партиска делегација секогаш присуствуваме на настанот кој што се организира од здруженијата на Македонците од Егејот и од Светскиот македонски конгрес и останатите, и даваме поддршка за нивните размислувања, се` во насока на обединување на македонскиот народ. Овој голем празник ни дава можност да се обединиме сите„, рече Илиоски и на сите граѓани им го честиташе празникот.