вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 65

Илиоски: СДСМ може да дејствува само преку криза и насилства

zoran-ilioski-768x432

Поврзани вести

Во цел овој изминат период откога почна кризата, од самото непризнавање од страна на Социјалдемократскиот сојуз на легитимните избори во 2014 година, веќе речиси година и пол се обидува да ја креира кризата, ја креира и ја одржува таа криза.

Ова во разговор со ТВ Нова го посочува пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ од Битола, Зоран Илиоски.

Тој потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ како партија е конструктивна цело време, сѐ со цел кризата да не предизвика големи проблеми во нормалното живеење и граѓаните да живеат на еден нормален начин.

Со недоаѓањето на СДСМ во Виена на преговорите коишто беа закажани од страна на Европската унија, тие докажаа и покажаа дека воопшто не се заинтересирани да ја решат кризата, туку баш напротив, се заинтересирани за да продолжи кризата, бидејќи очигледно, единствено само преку криза, само преку насилства тие можат да дејствуваат, а и дејствуваат, како што гледаме во овој цел изминат период, изјави Илиоски.

Илиоски зборуваше и за големиот народен собир на ГДОМ на кој, како што рече, граѓаните јасно и гласно покажаа дека нивната желба е на 5 јуни да се одржат изборите и на тие избори со нивна одлука да се реши кој во понатамошниот период ќе ја води државата.

Тој за вечерва го најави и собирот на ГДОМ во Битола на кој повторно ќе испратат позитивни пораки за мирно решавање на моменталната ситуација и дека одржувањето на избори е единствениот излез од кризата.

Илиоски посочи и дека дивеењето, вандалството и уништувањето на споменици и институции е девалвирање на нашата држава и нашиот народ.

Најчитани вести