Илиоски: СДСМ спроведува вистинска партизација во државната администрација

-Носењето на законите за секој граѓанин на Република Македонија да има исти можности, рамноправни можности да може да биде избран на некое место раководно или обично во државната администрација. Ја направивме максимално можно професионална. Низ неколку циклуси и промена на закони се потрудивме да го кренеме нивото т.е. квалитетот на критериумите при изборот на луѓето кои аплицираат на позиции во државната администрација.

Тој напомена дека се вршеле интервјуа со пријавените кандидати, во зависност за кое место се аплицира, тие интервјуа се правеа неколку пати. Илиоски кажа на тие интервјуа се правела селекција на кандидатите, па на завршните интервјуа оделе најдобрите кандидати кои биле испитувани од вистински експерти.

-И во Собранието таква пракса се воведе, во минатиот собраниски мандат. Оформивме повеќе комисии, тие беа составени од пратеници од сите пратенички групи, за жал тогаш СДСМ го бојкотираше Собранието и не учествуваше во комисиите кои вршеа интервјуа,

Тој кажа дека овие огласи биле за разни управни тела во Собранието, секој пратеник имал можност да каже свое мислење кандидатите, преку што се правела ранг листа.

-За жал сега гледаме дека се паѓа во вода со оваа нова власт, која што функционира веќе месец и пол и оние чекори кои во овој изминат период ги спроведе за поставување раководни луѓе, не ветуваат дека насоката во која што се тргна за избор на професионална државна администрација, туку дека ќе отиде во спротивна насока и дека во следниот период ќе избираат партиски кадри.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.