сабота, 22 јули 2017  |  Вести денес: 51

Илиоски до СДСМ: Уништувате се што му е свето на македонскиот народ

Многу се силите и се радувате, нон стоп го потенцирате народот дека вчера на вашата шарена револуција или платеничка револуција имало многу народ. Ако има многу народ ајде да одиме на избори, рече од собраниската говорница, пратеникот Зоран Илиоски.

ilioski

Последни вести

Многу се силите и се радувате, нон стоп го потенцирате народот дека вчера на вашата шарена револуција или платеничка револуција имало многу народ. Ако има многу народ ајде да одиме на избори, рече од собраниската говорница, пратеникот Зоран Илиоски.

Веќе трет пат бегате од избори и ќе може ли да објасните што на таа платеничка револуција и која и е целта. Која беше целта да ја нападнете македонската полиција и притоа 28 полицајци да бидат повредени. Дали ви  е целта да предизвикате граѓански немири? Дали ви е целта да го закрвите македонскиот народ бидејќи целта на платениците што се дојдени од надвор и кои што ве поддржуваат и физички и парично преку Сорос. Со вчерашните немири тоа само го продолживте. Уништувате институции, уништувате споменици, уништувате се што му е свето на овој народ. Единствена цел ви е да внесете крв меѓу македонскиот народ. Тоа да знаете ние и македонскиот народ нема да ви го дозволиме, реплицираше пратеникот Илиоски кон својот колега од СДСМ Горан Сугарески.

Илиоски додаде дека Комисијата која што беше составена за да утврди основаност за одговорност на Претседателот Ѓорѓе Иванов одлучила дека Претседателот не го прекршил ниту уставот ниту законите.

За да се покрене одговорност треба да биде прекршен уставот и законите. Комисијата за оценување на постапката која што ја покренавте донесе став. Прекршување на закон и устав од страна на Иванов немало. Според тоа нема причина за покренување на одговорност, додаде Илиоски.

Најчитани вести