Илиоски: Стотината демонстранти кои ги шараат институциите не се „народ“, тоа се платеници

На денешната расправа во Собранието нарепублика Македонија по повод импичментот на Претседателот Ѓорѓе Иванов, пратеникот Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ жестоко возврати на обвинувањата од страна на СДСМ и има даде до знаење на колегите од опозицијата дека ја немаат поддршката од народот на кој што се повикуваат бидејќи оние стотина демонстранти од како што кажа платеничката револуција се боични платеници, а не цел народ.

Продолжувате со непочитување на ниту една институција во државата.Продолжувате да изигрувате и судија и полиција и се. Продолжувате да прикажувате дека зад вас бил народот. Тоа што ќе се соберете стотина души попладне и ќе шарате институции, тоа е народ? Тоа еплатеничка револуција. Тоа е предавничка револуција, реше Зоран Илиоски.

Во продолжение Илиоски својата реплика ја насочи кон како што кажа тој нелогичната споредба на Градоначалникот на Битола и градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Тој рече дека најголемиот предавник и платеник кој што сака да ја уништи оваа држава е токму лидерот на СДСМ.

Го судите градоначалникот на Битола, а имате лидер на партија аболициран криминалец, за 8 милиони евра. Криминалец кој што благодарение на законот кој што го донесовме сега може да поднесе барање да му се тргне аболицијата и до ден денешен тоа не го направи. Мислите дека ако излезите и ако имате големи зборови за демократија и слобода народот ќе ви поверува. Го споредувате градоначалникот на Битола Владимир Талевски со градоначалникот на Струмица Зоран Заев. Јас како пратеник и како граѓанин на Битола, срам ќе ми биде тоа да го кажам. Да споредам со човек кој што е јавно снимен на камера кај што бара мито, добил материјали од странски служби и има намера да ја уништи оваа држава. Човекот кој што е предавник, човекот кој што е платеник. Тој ви е претседател на партија, тој ви е градоначалник на Струмица. И вие се осмелувате без срам и перде да го споредите со градоначалникот на Битола што има добиено трет мандат, додаде Илиоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.