Илиоски: За СДСМ не важи ни Устав, ни институции, а најмалку пак граѓаните

На денешната пленарна седница во Собранието на Република Македонија каде на дневен ред се наоѓа Предлог одлуката за основање на Комисија за оценување на основаноста за покренување на постапка за утврдување на одговорност на претседателот Ѓорѓе Иванов, своја реплика кон пратеникот од СДСМ Горан Сугарески имаше Зоран Илиоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Во таа насока, пратеникот Илиоски истакна дека составот на Комисијата е соодветно отсликан според застапеноста на пратениците во Собранието.

Почитуван колега Сугарески, се повикувате на бројките т.е. на составот на Комисијата. Јас ќе ви прочитам што пишува во членот 206 каде што се вели дека Комисијата обезбедува соодветна застапеност на пратениците во Собранието. соодветност застапеност значи дека  мнозинство во Собранието има пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и ние тоа го правиме. Второ, луѓето односно пратениците не се бројки па да ги делиме процентуално на 1,3 на 2,4 или на 3,8 и така да ги сместиме во Комисијата. Значи мора да се направи состав на комисијата кој што ќе функционира. И на крајот што толку кревате фама од тоа што ќе прави комисијата? Комисијата што прави? Таа чисто оценува основаност на предлогот. Комисијата не суди, комисијата не одлучува дали претседателот го прекршил или не го прекршил уставот. Таа одлучува само за основаност на предлогот. Извештајот на таа комисија заедно со барањето и предлогот кој што вие го поднесовте ќе биде прочитан на седница на Собранието и таму ќе се дискутира дали претседателот направил прекршок или не. И Собранието ќе донесе одлука! Значи ве замолувам да не ги изместувате работите“, посочи Илиоски.

Потоа, пратеникот истакна дека крајно лицемерно е СДСМ да зборува за почитување на Уставот и Деловникот, поради тоа што во изминативе две години тие на дело покажале како и дали навистина го почитуваат и Уставот и Деловникот, но и сите институции во Република Македонија, а најмногу граѓаните на оваа држава.

На крајот, вашиот говор можам да го сфатам како класичен цинизам. Партија која што во овие две години упорно на терен покажува дека не им е важна ниедна институција во Република Македонија, дека не им е важно Собранието, ни Уставен суд, ни претседател на Република Македонија, дека на крајот на краиштата не им е важна волјата на граѓаните што ја искажаа јасно во 2014 година. За вас ништо не е важно. Сега се испотепавте да го браните Уставот и деловникот на Собранието на Република Македонија, Илиоски.