Македонија

Илир Мета на средба со Мерко во Струга

Илир Мета на средба со Мерко во Струга

Албанскиот претседател Илир Мета на заминување од Македонија, каде учествуваше на Самитот на земјите во Процесот Брдо-Бриони, што се одржа во Скопје, попатно престојувал и во Струга.

Тој на својот профил на фексбук објави неколку фотографии и во кусиот текст напиша на македонски „Како Струга нема друга“, со превод на албански.

Во право се кога велат: „Кaкo Струга, нема другa” (si Struga s’ka një tjetër). Денес со градоначалникот на општината, мојот пријател Рамиз Мерко разговаравме за одличната перспектива на Струга, да биде развиен регионален туристички, културен и економски центар. Многу им благодарам на  жителите на Струга за топлиот и братски прием!-напиша Мета на својот профил на фејсбук.