Илир Мета во дводневна посета на Македонија

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Македонија, на покана од претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

Како што соопшти собраниската прес-служба, претседателот на албанскиот Парламент ќе има средба со својот домаќин Вељаноски, а потоа и обраќање пред пратениците во македонското Собрание.

Албанскиот гостин во рамки на посетата се очекува да има средби и со претседателот на државата Ѓорге Иванов и со премиерот Никола Груевски.

Претседателот на Албанскиот парламент во рамки на посетата ќе се сретне со претставници на раководствата на ДУИ, ДПА и СДСМ.

Предвиено е тој да се сретне и со Орхан Ибраими, претседател на пратеничката група на Собранието на Македонија за соработка со Парламентот на Албанија и членовите.

На средбите во Скопје Мета ќе биде придружуван од петмина пратеници членови на Групата на Албанскиот парламент за пријателство со Собранието на Република Македонија.

Ова е возвратна посета на Мета на Македонија. Претседателот на Собранието на Република Македонија Вељаноски беше во посета на Тирана во декември 2013 година.