Илјада странски новинари ќе ја следат посетата на Папата на Тирана

Најавената посета на Папата Франциско на Тирана, на 21 септември, претставува голем настан за Албанија, кој ќе има глобален одзив.Тоа секако го потврдува и фактот што тој ден во албанската метропола ќе престојуваат илјада странски новинари.

– Конгресната палата ќе биде прес центар за странските, албанските и новинарите од регионот кои ќе ја следат посетата на Папата, во чиј авион ќе бидат 70 новинари. Но, неговата посета ќе ја следат илјада новинари, меѓу нив и на најпознати странски станици, кои веќе имаат акредитација за присуство тој ден во Албанија, изјави албанската министерка за култура Мирела Кумбаро, чиј ресор е надлежен за организација на посетата на Папата.

Поради посетата на папата интензивно се работи на уредуваше на плоштадот „МајкаТереза“ каде папата ќе одржи миса.

– До десети септември ќе бидат исчистени фасадите на сите објекти на плоштадот „Мајка Тереза“, потоа Конгресната палата и Националиот исторски музеј и ќе заврши реконсрукцијата на скалите и тротоарите. Владата издвои средства во износ од милион долари за завршување на овие работи, додека општина Тирана 10 илјади долари за уредување на просторот кај фонтаната и осветлување на плоштадот, изјави министерка за култура Мирела Кумбаро.

Ова е првата посета на Папата на една европска земја.
Албанските медиуми пренесуваат негова изјава дадена деновие, зошто се одлучилтокму за оваа земја.

– Во Албанија одам поради две значајни нешта. Прво бидејќи успеаа да формираат држава и да мислат за Балканот, единството помеѓу муслиманите, православните и католиците со еден заеднички верски совет кој многу помага во верската хармонија. Ова е нешто најдобро, зашто има хармонија. Второ, мојата посета е да им е упати порака до сите народи дека може да се работи заедно, изјавил Папата.

Папата Франциско е втор папа кој ја посетува Албанија. Прв на албанска земја стапна Папата Јован Павле Втори на 25 април 1993 година.