Илјадници Баскијци на протест за каталонскиот референдум

Повеќе илјади луѓе протестираа во саботата во шпанската покраина Баскија поддржувајќи го референдумот кои имаат намера да го организираат сепаратистите во Каталонија, а го забрануваат централните власти во Мадрид.

Околу 35.000 демонстранти, според процените на организаторите, минале по улиците на баскиската Билбао за дадат поддршка на референдумот во Каталонија, по повеќе децении насилствата на сепаратистичката организација ЕТА за независност на Баскија која се откажа од вооружената борба дури во 2011 година.

Протестот е одржан две седмици пред референдумот кој сепаратистичката влас на Каталонија има намера да го одржи на 1-ви октомври, иако владата во Мадрид го смета за нелегален, како и шпанскиот Уставен суд.

Демонстрантите носеле транспаренти со написот „Ние треба да одлучиме“.