Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија

Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија
Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија

Над 1.000 бегалци тргнаа пеш кон Австрија. Мигрантите денес тргнаа од железничката станица Келети во Будимпешта на запад кон австриската граница.

Во Будимпешта околу 500 мигранти предводени од сириски бегалец со една нога, тргнаа пеш од капот пред железничката станица Келети, каде веќе неколку дена се во прекин сите меѓународни железнички линии, со цел да се спречат мигрантите да патуваат. Мигрантите ја пробија полициската барикада и тргнаа по главниот пат кон Виена, извикувајки: „Германија, Германија“ , пишува Ројтерс.

Голема група бегалци, меѓу кои и лица во инвалидски колички, како и родители со деца, се подготвени да пешачат 175 километри до границата со Австрија.

Некои од бегалците носат фотографии на германската канцеларка Ангела Меркел, која неодамна најави дека официјален Берлин ќе го олесни процесот за добивање азилантски статус за Сиријците.

Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија
Унгарија: Илјадници бегалци тргнаа пеш кон Австрија

Бегалците што тргнаа пеш кон Австрија се дел од групата од 3.000 лица, кои неколку денови беа заглавени на меѓународната железничка станица Келети во главниот град на Унгарија Будимпешта.

Голем дел од нив во моментов пешачат кон границата со Австрија. Станува збор за долга релација од околу 150 километри, а според некои ќе бидат потребни околу две недели за мигрантите да пристигнат кон својата цел.

Унгарското Министерство за надворешни работи соопшти денеска дека годинава 150.611 бегалци поднеле барање за азил, меѓу кои 50.413 Сиријци.