Илјадници граѓани полесно ќе најдат работа преку проектот „Македонија вработува“

Членот на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ и министер за труд и социјална политика, Диме Спасов денеска ќе се обрати како дел од тимот на владејачката партија која одржува трибина во Гостивар.

Спасов во вестите на Канал 5 истакна дека со граѓаните ќе разговараат за реални проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги спроведувала, а се насочени кон вистинските проблеми кои ги мачат граѓаните

-Ќе разговараме за мерките кои ги спрведуваме во борбата за отворање на нови работни места, за привлекување на странски инвестиции, но и за значителни помош и поддршка за домашните компании да отворат нови работни места. Ќе разговраме за проектот „Македонија вработува“ кој започнува со реализација кон крајот на неделата, проект кој очекуваме значително да им помогне на илјадници граѓани побрзо и полесно да стигнат до работа, посочи Спасов.

Дел од темите на трибинта ќе биде и новиот проект за правото на откуп на стаж за оние работници кои работеле во компании кои најчесто во ’90-те години престанале да постојат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.