Балкан

големи штети од водената стихија Илјадници куќи под вода во Албанија, уништени училишта и патишта

Илјадници куќи под вода во Албанија, уништени училишта и патишта

Албанските власти соопштија дека во поплавите оштетени се илјадници куќи и многу училишта, мостови и патишта, а под вода се уште се десетина илјади хектари обработливо земјоделско земјиште и покрај намаленот интензитет на дождот и намалувањето на нивото на водата во реката.

„Под вода се над 3.300 куќи, 40 бизниси, 56 училишта, 10.200 хектари обработливо земјоделско земјиште,како и 5.800 друга земјоделска површина а евакуирани се околу пет илјади лица. Многу патишта и 28 мостови низ целата земја се оштетени. Најголем штети предизвикани се во подрачјето на Фиер и Валона“, соопшти кризниот штаб.

Во справување со состојбата на терен ангажран се 6.400 припадници на армијата,полицијата и другите надлежни служби,како и 1.089 возила.

Властите почнаа да ја проценуваат предзвиканата штета заради обештетување а се координираат  активностите за распределба на помошта која прстигнува од повеќе земји.

Во невремето потврдено е дека едно лице го загубило животот  и тоа електричар од Фиер при отстранување дефект во трафостаница.

Пристаништата Валона, Драч, Шенѓин и единствениот албански меѓународен аеродром „Мајка Тереза” (Ринаси) во Тирана два дена беа затворени за сообраќај, но сега тие работат нормално.

Дотекот на вода во акумулациите на трите Хидролектрани на каскадата на реката Дрим се намалува,поради што од нив запрено е испуштањето на вода,кое се правеше заради заштита  на браните од пукање.

Училиштата и градинките не работеа во петокот,а порад состојбата најверојатно настава нема да има и утре.