Илјадници летови беа откажани поради лошото време во САД

Неколку американски држави се оковани во снег и мраз. Повеќе од 3.700 летови биле откажани вчера, а денеска како мерка на претпазливост се откажани повеќе од 4.000 летви.

Претседателот на САД, Барак Обама прогласи вонредна состојба во 126 области во најпогодените држави Џорџија и Јужна Каролина.

Националната агенција за справување со катастрофи ФЕМА е подготвена и пружа помош во најразлични видови, со генератори, вода, храна, ќебиња… Во прилагодените центри има стотици илјади легла наменети за лицата погодени од катастрофата.

Училиштата во проблематичните области веќе се затворени. Властите им препорачаа на луѓето да останат во своите домови.