Илјадници летови се откажани поради невремето во САД

Илјадници летови беа откажани поради снежните були во североисточните делови на САД . Гувернерите на Њујорк и Њу Џерси прогласија вонредна состојба и ги повикаа луѓето да останат во своите домови.

Многу училишта и бизнис институции се затворени по предупредувањата дека се очекува засилување на бурата .

„Очекуваме уште посилен ветер и повеќе снег“, изјавил Џејсон Тул од националната метеоролошка служба .

Само вчера беа откажани 2.200 авионски летови, а денеска се очекува да бидат откажани уште 1.000.

Специјални екипи пак се обидуваат да ги згрижат на безбедно место бездомниците од Њујорк и Бостон.

Проблеми со времето има и во државите Вермонт, Њу Хемпшир и Мејн, каде што големи области останаа без електрична енергија . Се очекува бурата да достигне и Пенсилванија.