Илјадници луѓе жалат за Принс: Солзи, цвеќиња, свеќи и пораки за заминувањето на музичката легенда

Илјадници луѓе се собраа во вечерните часови во Минеаполис за Принс, да жалат за загубата на нивниот сограѓанин чија музика ги помести границите и инспирираше генерации уметници од целиот свет.

Неговите обожаватели оставаа цвеќе, свеќи и пораки на оградата на имотот на музичарот во Пејсли Парк, а потоа се собраа во центарот на градот на целовечерна забава во негова чест.

Принс тага

Мнозинството ја пееше „Purple Rain“ пред клубот на Минеаполис каде во 1984 година е снимен поголемиот дел од истоимениот филм, а зградите и мостовите во градот се „капеа“ во виолетови светла во исто време.

Во Њујорк фановите го прославија животот на Принц во легендарниот Аполо во Харлем каде што неговото име стоеше на големиот екран заедно со натписот: „Nothing Compares 2U“.

Во Бруклин, режисерот Спајк Ли покани илјадници луѓе на улично хорско пеење на песните на Принц.

Бдеења се одржани и во други градови, а градските знаменитости во целата земја од Лос Анџелес, преку Њу Ореланс и Сан Франциско до Бостон се осветлени со пурпурна боја.

Принс тага

Принц беше пронајден  мртов во лифт во една од зградите во Пејсли Парк, каде живееше и имаше студио. Причината за смртта на еден од најпопуларните, најиновативните и највлијателните музичари во своето време, се уште не е позната.

Во меѓувреме и понатаму пристигнуваат изрази на сочувство и признанија на починатиот уметник.

– Светот изгуби креативна икона. Еден од најнадарените музичари во нашето време, рече американскиот претседател Барак Обама.

– Неговиот талент беше неограничен. Беше револуционерен, еден од највозбудливите музичари во последните 30 години, истакна Мик Џегер.