Илјадници на протестот против Брегзитот во Лондон на втората годишнина од референдумот

Десетици илјади луѓе протестирале во саботата на улицата на британската престолнина Лондон против истапувањето на од Европската унија точно на втората годишнина од референдумот на кој неочекувано Британците со мнозинство се одлучија да го напуштат блокот.

Протестот го организираше кампањата против излегувањето од ЕУ – People’s Vote, којашто бара референдум за конечниот договор од раздружувањето со Европската унија.

На протестот учествувале и проевропски политичари од целиот политички спектар, вклучително и опозициските лабуристи, либералните демократи и бунтовниците од владејачката Конзервативна партија.

Британското истапување од ЕУ беше изгласано на 23-ти јуни 2016 година со 52 отсто гласови при одѕив на избирачите од 72 проценти. Тоа претставуваше големо изненадување, бидејќи сите анкети укажуваа на тесен резултат но победат на кампањата којашто се залагаше за останување во Унијата.

Втората годишнина од референдумот е одбележана и на друго места во земјите на ЕУ, па така на проевропскиот собир во германската престолнина Берлин се собрале, според организаторите, околу илјада луѓе.

На сите вакви повици за отповикување на Брегзитот, британскиот министер за надворешни работи Борис Џонсон им одговори во написот објавен во таблоидот The Sun дека британскиот народ „не сака малодушен Брегзит“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.