Свет

Илјадници Украинци го напуштаат Доњецк и Луганск

Илјадници Украинци го напуштаат Доњецк и Луганск

Неколку илјади Украинци го напуштаат Доњецк и Луганск вострав од нови судири меѓу украинските сили на безбедност и проруските активисти, во кои за 48 часа загинале најмалку 30 лица.

Украинските сили на безбедност вчера бомбардирале неколку бази на проруските активисти во регионите на Доњецк и Луганск

Според податоците на украинските власти, уништени се три бази на бунтовниците, две оддалечени околу 50 километри северно од Доњецк и една западно од Луганск.

Претседателот на Украина Петро Порошенко после тоа изјавил дека  не сакал интервенција на тешка артилерија и воздухопловство за да ги поштеди цивилите, сепак неколку илјади семејства го напушаат Доњецк и Луганкс, пренел Франс прес

Порошенко гооткажал претходно предивденото патување воБразил, на финалето на фудбалското првенство, а неговата прес служба соопштила дека причина за тоа е тепшката ситуација во земјата.