Илјадници лица на погребот на лидерот на Хезболах, Хасан ал Лакис

Илјади Либанци се собраа на погребот на лидерот на исламистичкото движење Хезболах, Хасан ал Лакис, кој беше убиен пред два дена во предградието на Бејрут, пренесе „Би-Би-Си“.

Според информации на либанскиот телевизиски канал „Ал Манар“, тој загинал во близина на својот дом во предградието Хадат, на седум километри југоисточно од Бејрут.

Хезболах за смртта на Лакис ги обвини израелските тајни служби, но израелската страна ги отфрли обвинувањата.

Од Тел Авив дри истакнаа дека постои сомневање за смртта на Лакис да се одговорни сунитски екстремисти.

Движењето Хезболах го поддржува сирискиот претседател Башар ал Асад во неговиот конфликт со бунтовниците, додека сунитски групации ја поддржуваат опозицијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.