Илон Маск го нарече спасувачот на тајландските момчиња „педофил“, овој вели ќе го тужи

Откако Верн Ансворт, британскиот нуркач што помогна да се спасат заробените тајландски момчиња, обидот на Илон Маск да помогне го нарече „рекламен трик“ што имал нула шанси да успее, Маск одговори на доста груб начин.

Во серијата твитови во неделата, во кои се впушти во дискусија со луѓето што беа вклучени во спасувањето, Маск го нарече Ансворт педофил, ги бараше видеоснимките од спасувањето во пештерата и се обложуваше дека неговата миниподморница можела да ја изврши спасувачката операција.

Извини, педофилу, навистина си го бараше ова, напиша вчера во сега избришаниот твит мултимилионерот и сопственик на Спејсекс и Тесла.