Иловица ќе почне да се гради кон крајот на годинава, 500 нови работни места

Петстотини милиони евра инвестиции, зголемување на извозот за 300 милиони долари на годишно ниво, 500 нови вработувања, ангажирање на  домашната градежна оператива.  Ова ќе бидат бенефитите врз македонската економија од работата на рудникот Иловица на канадската компанија Еуромакс Рисорсис, анализира ТВ НОВА.

Првите луѓе на компанијата, за телевизија Нова, велат дека рудникот за бакар и злато е најголемата гринфилд инвестиција во Македонија и Југоисточна Европа.  Според планираните активности рудникот ќе почне да се гради кон крајот на 2016 година. Со работа  ќе стартува кон  крајот на 2018 или почетокот на 2019 година. Во процесот на градба ќе  бидат вклучени  околу 1.000 градежни работници  и домашни градежни компании.  Од концесијата на годишно ниво општините ќе инкасираат околу 78% од вкупниот, а останатиот дел ќе  влегува во централниот буџет на Република Македонија.

bekar-640x374

Веќе четири години максимално работиме на проектот во Македонија и заклучно со оваа година инвестиравме 15 милиони долари во геолошките испитувања, хидро-геолошките работи, работите поврзани со животната средина и до крајот на оваа година се надеваме дека ќе ги имаме сите дозволи и согласност за нашата работа и ќе ни бидат потребни дополнителни 450 милиони долари за трошоци за капитални вложувања и за да започне со производство кое со овој проект се планира за почетокот на 2019 година. Приходот ќе го остваруваме од продажбата на концентратот на златна и бакарна руда со што ќе се   зголеми и извозот во Македонија со околу 300 милиони  долари на годишно ниво, вели Алан Беjкер, менаџер на проектот.

Проектот Иловица ќе има годишен капацитет од 10 милиони тони руда, а животниот век на рудникот се предвидува да трае 20 години. Просечното годишно наплатливо производство е проценето на 83.000 унци злато и 16.000 тони бакар.

Да, ова е голем проект според сите стандарди и секако најголемиот проект во Македонија во однос на инвестициите во југоисточна Европа. Станува збор во просек од 2.353 килограми на злато и 16.000 тони на бакар на годишно ниво во период од 20 години, изјави Бејкер.

Според потребите, во  компанијата ќе се вработат директно над 400 лица, а покрај директните вработувања се очекува индиректно да бидат ангажирани бројни домашни компании од различни дејности.

Кога ќе започнеме со работа ќе има околу 500 директни вработувања и според соодветните правила, соодносот ќе биде 1 на 3, односно на секое едно директно вработување ќе се создадат 3 индиректни вработувања од услужната индустрија кои ќе обезбедуваат услуги како што се на пример транспорт, храна и слично. Во двегодишниот период на градење најверојатно во врвниот период ќе имаме околу 1.000 вработени. Максимално ќе ги искористиме македонските подизведувачи па така за поголемиот дел од градежните работи ќе се ангажираат локални луѓе, вели Бејкер.

Еуромакс во земјава е присутна во 2012 година, од тогаш до денес, ни одговорија  дека се задоволни  од соработката на македонските  институции.

Покрај Еуромакс Рисоурсис во проектот учествува и Европската банка за обнова и развој (ЕБРД) со удел од 20%. Проектот е поддржан и од Германскиот државен гарантен фонд кој за заемот во износ од 240 милиони евра за финансирање на изградбата на рудникот. Влезот на овие стратешки партнери во проектот е од огромно значење бидејќи го потврдува неговото огромно значење за Македонија и за регионот. Покрај ЕБРД и Германскиот гарантен фонд, Еуромакс обезбеди стратешко партнерство преку договор за финансирање и купопродажба на злато со Ројал Голд. Потпишувањето на договорот со Ројал Голд овозможува финансирање на проектот во вкупен износ од 175 милиони американски долари, а Еуромакс ќе ги повлече и престанатите 3,75 милиони американски долари од втората транша со исполнувањето на условите од договорот. Во финасирањето на проектот учествуваат и реномираните банки Сосиете Женерал С.А. и Уникредит Бенк АГ кои се ополномоштени водечки банки за подготвување на обезбедените финансиски средства за проектот во вредност од 215 милиони американски долари.