Илузијата на француските избори 2017-та

Изборот на Емануел Макрон за претседател на Франција, кој е вистинско чедо на банкарскиот систем и силите на глобализацијата, спречи од една страна автоматско активирање на процедурите за распаѓање на Европската унија, којашто е под контрола на Германија, и, од друга страна, создаде неверојатни илузии во бирократските кругови во Брисел во врска со изгледите за долговечноста на неговото и нивно владеење.

Меѓутоа, темелното читање на резултатите од француските претседателски избори не остава сомнежи. Вежен сегмент, токму 34 отсто од францускиот народ, кој беше под влијание многу помалку од другите народи во еврозоната и Европската унија од страна на екстремните неолиберали политики на дивото штедење, ја изрази својата аверзија кон недемократската бирократска европска конструкција во вториот изборен круг.

И, всушност, тоа се случи низ политичката структура на есктремната десница, со стигматизираниот расист кој со годините беше на маргините на францускиот политички пејзаж. Доколку левичарскиот антиевропеец Меланшон, кој не предизвикува никаков страв кај францускиот народ, успееше да се квалификува во вториот круг, изборниот успех на Макрон не би бил толку сигурен, имајќи предвид дека 50 отсто од француските избирачи во првиот круг гласаа за евроскептичните опции.

Во секој случај, Европската унија сега наликува на жена којашто пати од неизлечива болест и на која лекарите ѝ даваат уште пет години живот, и поради тоа што ЕУ не може, во секој случај, да постои без Франција. Извесно е, меѓутоа, дека неолибералните против популистичките правила коишто Макрон ќе ги имплементира и коишто ќе го диктира Брисел, всушност Берлин, дека ќе ги девалвираат социјалните и работнички права на францускиот народ и дека ќе го предизвика неговиот оправдан гнев.

Соодветно на тоа, на францускиот претседателот изборите во 2022 година, иако бомбата на италијанската економија најверојатно уште нема да биде детонирана, што инаку е многу тешко, и ќе ги разнесе политичките сили во Европската унија којашто никогаш нема да стекне демократско и социјално лице, бездруго ќе има спротивен изборен резултат и ќе победи со големо мнозинство.

Германците, секако, сега го имаат секое право да уживаат и да го слават изборот на Макрон, кој ги сочува, па дури и само привремено, еврозоната и Европската унија, од кои добиваат најмногу додека повеќето други губат. Имено, германскикот трговски суфицит, што е структурен феномен а не само случајност, а кој секако се должи на големата конкурентност на германското стопанство, но и на скандалозно зајакнатиот механизам за функционирање на еврото, откако заедничката валута не им дозволува на земјите еврозоната во дефиците да ја девалвираат својата валута, што е факт којшто ги осудува на маѓепсаниот круг на ниска конкурентност и упорен дефицит.

Од усвојувањето на еврото, германскиот трговски суфицит го следеше френетичен тренд на растот. Така, во 2016 година, достигна историско високо ниво од 252,9 милијарди евра, според официјалните податоци од германското биро за статистика, додека трговскиот суфиците на целата еврозона за истата година изнесувал само 273,9 милијарди евра. Тоа значи дека Германија дава 92,33 отто од вкупниот трговски суфицит во еврозоната!.

Во истиот период од постоењето на еврото, со исклучок на неколку години, трговскиот дефицит на Франција генерално бележи зголемени трендови. Така, во 2016 година, според објавата на француската царина, изнесувал 48,1 милијарди евра, а фанцускиот удел на пазарот во еврозоната значително е намален, опаднал од 17 отсто во 2000-та на 13,6 отсто во 2015 година и на 13,4 проценти во 2016 година, додека трговскиот дефицит во претходната 2015 година изнесуваше 45 милијарди евра.

Во истиот период француската економија се соочува со други сериозни проблеми. Како последица на тоа, јавниот долг константно е поширок и сега изнесува близу 100 отсто од бруто домашниот производ (БДП) на земајта. Невработеноста, којашто особено ги погодува младите луѓе под 25 години – речиси секој четврти е невработен – изнесуваше 10 отсто од работната сила кон крајот на 2016 година, потврдувајќи ги пропаднатите напори на претходниот социјалистички претседател Франсоа Оланд да ја намали. Истовремено, Германија има многу голема стапка на вработеност и невработеноста е ниска, бидејќи не надминува 3,9 отсто од работната сила.

До пред петнаесетина година, Франција и Германија имаа сличен животен стандард. Меѓутоа сега Германците се за петтина побогати, иако и двете економии го поздравија еврото во 2002 година со невработеност од околу 8 отсто.

Како последица на тоа, дури и доколку Макрон ги изненади сите – што секако нема да се злучи – и одлучи, на основа на специфичната тежина којашто Франција ја има откако земјата стана втората економска сила во еврозоната, посилно да инсистира на промената на ставовите во ЕУ и во еврозоната, што јасно би ја подобрило француската економија и уште побеќе би било корисно за разнишаните економии на другите земји од европскиот југ, би се сплескал во големиот, моќен ѕид, на крутата и стабилна позиција на Германија.

А сево ова се случува бидејќи Германците, кој и да биде на нивното чело, никогаш нема да прифатат олабавувњето на строгоста и „светото“ правило на буџетската дисциплина. Германците, повеќе од очиглено е, дека долго посакувале да ја употребуваат еврозоната во своја полза и на штета на сите други, а овие никогаш нема да бидат во состојба доброволно да се вратат на своите национални валути, бидејќи тоа би довело до колапс на нивните производствени капацитети. Германците сакаат да стекна повеќе и повеќе, со зачувувањето на еврозоната во текот на долг временски период, а нив всушност не ги интересира дали другите губат или дури и се уништуваат, како што тоа е случајот со Грција.

Значи, во ваквата Европска унија, во којашто доминира и со којашто владее Германија, поимот на солидарност и заемна помош не само што не постои, туку е и отфрлен како ѓубре во кантата за отпадоци. Оттаму, вон секое сомневање е да се каже дека стварноста не претставува товар, иако такви идеи се забележани во основачките договори на тогашната Европска економска заедница (ЕЕЗ), би било сурово. Така, спрегата на моќните и слаби економии и новната цврста прегратка преку евро валутата, веќе докажа дека е криминална грешка.

Како заклучок, може да се каже дека француските претседателски избори не ги потреоса богато платените бирократи во Брисел, ниту, пак, политичките челници во Берлин, коишто му се предадоа на своето чувство на блаженство и самоизмама, и ќе продолжат со наметнување на земјите во Европската унија есктемистичките неолиберални политики на дивите штедеата, што го турка народот во сиромаштија и беда.

Автор: Исидорос Кардеринис, економски аналитичар

Куса биографија за авторот

Исидорос Кардеринис е роден во Атина 1967 година. Тој е писател, поет и колумнист. Студирал економија и завршил постдипломски стидии за туризам. Негови написи се објавувани во дневни весници, списанија и периодични изданија ширум светот. Стиховите на Кардеринис се преведени на англиски, француски и шпански јазик, и се објавувани во литературни магазини и во рубриките за култура на многи весницил. Објавил и седум книги поезија, како и два рамани. Неговите романи и три зборки негова поезија се објавени во САД и во Велика Британија.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.