Македонија,Крими хроника

Им дале „златен накит“, па „ќариле“ 160 илјади денари

Им дале „златен накит“, па „ќариле“ 160 илјади денари

Кривична пријава е поднесена против И.И.(47) од Скопје и Ш.П.(59), државјанка на Косово, за сторени шест кривични дела „измама“.

Пријавените, при крајот на 2013 и во текот на 2014 година, во Гостивар довеле во заблуда шест лица од Гостивар со цел размена на парични средства поради наводно учество во сообраќајна незгода, а како гаранција на лицата им оставале накит за кој тврделе дека е златен, при што од измамените граѓани успеале да земат вкупно 160.000 денари.