Им избегал на полицајците бидејќи возачката му била истечена

На 13.09.2014 година во 19,45 часот на м.в.,,Бела вода“ атар на с.Двориште, беровско, при вршење на редовна работа, од страна на двајца полициските службеници заради контрола запрено е ТМВ „Застава 650“ управувано од Р.М.(30) од с.Двориште, беровско.

Истиот на полицискиот службеник му дал сообраќајна дозвола и испратница за превезување на дрва и под изговор дека има проблем со возилото почнал да го врти и во моментот кога го свртел возилото, наеднаш го стартувал, а полицискиот службеник за да не биде повреден скокнал од патот, го извадил службеното оружје и пукал кон возилото, при што го погодил возилото во задната десна гума.

Возачот продолжил да се движи со возилото кон с.Двориште, при што бил следен од мотопатролната служба, но не сакал да застане и влегол во сопствениот двор во с.Двориште. Од извршените проверки констатирано е дека горенаведеното лице го управувало ТМВ без продолжена сообраќајна дозвола подолго од 30 дена за што му е издаден налог за наплата на глоба по чл.26 ст.1 , а казнив по чл 26 ст.9, испратницата за превоз на дрвна маса констатирано е дека е со помината важност односно важи до 15,00 часот.

По пријавување на настанот на местото е излезено од страна Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди. Се преземаат мерки за пронаоѓање на Р.М. и целосно расчистување и документирање на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.