Им ја полил вратата и им ја запалил

Со пламенот била зафатена влезната врата која целосно е оштетена и дел од ламинатот во претсобјето, а зачадени се и влезната врата од соседниот стан, ходникот од зградата, прозорците од ходникот и оштетени се дел од скалите на истиот спрат. Од екипа на БППЗ Скопје, пожарот е изгаснат. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.