Им земал 3.500 евра и ги излажал дека ќе им извади бугарски пасош

Кумановската полиција поднесе кривична пријава против М.Д. (44) од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама.

Пријавениот, од април 2015 година до 22 август годинава на  И.Х.(51) и А.И. (43), двајцата од Куманово, им ветил дека ќе им посредува да добијат бугарски пасош, за што во повеќе наврати им зел вкупно 3 500 евра.