Има 50 години и се’ уште изгледа заводливо (ФОТО)

Актерката Хали Бери на својот профил на Инстаграм објави фотографија во црно бикини која за еден ден доби повеќе од 44 илјада лајкови, како и многу комплименти за беспрекорниот изглед на 50-годишната актерка.

Згодната Хали веќе долги години држи 25-минутен режим на вежбање кој го креирал тренерот на познатите Харли Пастернак. Тој опфаќа петминутни поврзани сетови на вежби за загревање, за горниот, долниот и средниот дел од телото и вежби за опуштање.
hali-beri-zgodnaОскаровката ги прави овие вежби пет пати неделно. Покрај тоа, се занимава со кикбокс, што е одличен спорт за зацврснување на мускулите на целото тело, како и за согорување на калориите.

Со оглед на тоа што има дијабетес тип 2, јаде храна со низок гликемиски индекс која е поделена во пет мали оброци во текот на денот. Нејзината исхрана е богата со белковини и органски одгледуван зеленчук. Многумина тврдат дека опуштеноста на актерката е клучна за нејзиниот одличен изглед. „Немојте да се сфаќате премногу сериозно. Смејте се на шеги на сопствена сметка и најдете начин да им се насмеете на сите препреки кои неизбежно ќе се најдат пред вас“, вели холивудската актерка.
hali-beri33