Има ли азиски стршлен во Скопје?

Во Македонија сеуште има паника дека е појавен азискиот стршлен и во нашата земја. Иако се докажа дека стршленот забележан во Кавадарци не е смртоносен, граѓаните сеуште се на штрек.

Сител објави вест за најден инсект кој изгледа како споменатиот стршлен во една куќа на Водно.

Снежана го нашла полу мртов пред прагот на куќата на Водно. Веднаш го усмртила и го затворила со чаша. Сомнежот се јавил откако разлистала по сликите на интернет и википедија. Го споредувала, но незнаела каде да се обрати за да го предаде на анализа. Екипата на Сител беше во домот на Снежана каде го улови инсектот за кој семејството стравува.  Вели, доколку се покаже дека станува збор за смртоносниот, тогаш тој  не е единствен во нивната околина, објави Сител.

Екипата на Сител го однела инсектот во лабораторијата при универзитетот за Ветерина и се очекува утре експертите да потврдат дали инсектот уловен на Водно е опасниот азиски стршлен.

Смртоносниот стршлен потекнува од Азискиот континент тој е  со портокалова глава и може да порасне  до 8 сантиметри. Климатските промени придонесоа да биде забележан во повеќе балкански земји.