Свет

Има, па може: На оваа работа Путин троши 700 милијарди долари!

Има, па може: На оваа работа Путин троши 700 милијарди долари!

Продажбата на оружје во Русија се зголемила за 20 отсто, а инвестирањето во засилување на воената способност значително се зголемило. Претседателот на Русија, Владимир Путин, планира да потроши 700 милијарди долари на воена опрема до 2025 година.

Вложување во модернизација на војската се одвива и покрај економската криза која ја приморала Русија да усвои воен буџет за следната година.

Буџетот што сега Русија го троши на модернизација на воените сили, сега е трет во светт, после САД и Кина.

Аеродроми, стотини борбени авиони и нови флоти тенкови се дел од планот на руската војска, а се работи и на развој на напредна нуклеарна подморница, како и на осум нови бродови за морнарицата, а сите планови би требало да се остварат до 2020 година, пишува „Си-Ен-Ен“

Со оглед на заострувањето на односите меѓу Западот и Русија кои сега се најнапнати од завршувањето на Ладната војна, ваквите постапки на Русија не се изненадувачки.

pu