Има повредени во немирите во Собранието, згрижени во Градската болница

Неколку лица се полесно повредени во немирите во Собранието во четврокот вчерта, кои следуваа по вонделовничкото прогласување на Талат Џафери за претседател на Собранието од страна на СДСМ и албанските партии.

Како што пренесува Курир, повредените чиј идентитет засега не е познат, се пренесени во Грдската општа болница.

Има повредени во немирите во Собранието, згрижени во Градската болница, блокирани излезите од парламентот.

Според непотврдени информации биле повредени Оливер Спасовски, челникот на СДСМ Зоран Заев, како и Радмила Шекеринска, Дамјан Манчевски и уште еден пратеник од СДСМ.

На социјалните мрежи се споделуваат сними кои покажуваат дамки од крв на подот од Собранието, а според непотврдени информации поведени се осум лица.

Граѓаните коишто претходно мирно по шеесетти ден протестираа пред Собранието, откако беше објавено дека Талат Џафери, со поддршката на СДСМ и пратениците од албанските партии со 61 глас бил избран за спикер на Собранието, иако не беше завршена претходната точка на пленарната седница, го пробија полицискиот кордон и влегоа во македонскиот парламент, протестирајќи на вонделовничкото бирање на спикерот и барајќи спроведување нови парламентарни избори.

 

 

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.