ТОП,Свет

Има преживеани во рускиот авион кој се урна во Египет?

Има преживеани во рускиот авион кој се урна во Египет?

Египетските спасувачки тимови слушнале гласови во делови од рускиот авион што денес се урна на Сионајскиот Полуостров. Се надеваат дека има преживеани.

– Постои уште еден дел од авионот со патници и спасувачките екипи се обидуваат да влезат во него, надевајќи се дека има преживеани, изјави претставник на синајските власти, пренесува МИА.

Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин изрази сочувство на семејствата на загинатите во авионската несреќа. Сите 224 луѓе во авионот се руски државјани.

Руското Министерство за вонредни ситуации испраќа пет авиони со спасувачки тимови, а со нивната операција ќе биде координирана, по наредба на Путин, од министерот за вонредни ситуации Владимир Пучков.

Во Русија утре е прогласен ден на жалост.

Претходно, беше соопштено дека е пронајдена една од црните кутии и дека меѓу остатоците од авионот извлечени се сто безживотни тела.

Израелската армија им понуди помош на Египет и на Русија по авионската несреќа на Синајскиот Полуостров.

– Од утрово израелските сили за одбрана помогна во набљудувањето од воздух со цел да се утврди местото на падот на авионот. Израелските сили за одбрана понудија помош за Русија и за Египет, ако е неопходна, се наведува во соопштението на израелската армија.

Меѓу 224 лица кои биле во авионот, кој летал од Шарм ел Шејк за Санкт Петербург, имало 17 деца, 200 возрасни патници и седум членови на екипажот.

Руската новинска агенција ТАСС повикувајќи се на неименунвани извори од меѓународниот аеродром во Каиро објави дека пилотот пред авионот Боинг А321 да исчезне од радарите побарал принудно да слета на најблизок аеродром.

Авионот бил на височина од над 9.000 метри кога пилотот известил за проблеми со радиостаницата и побарал принудно слетување. Потоа врската со авионот на руската воздухопловна компанија „Когалимавија“ е изгубена.