Економија

Има уште слободни капацитети за сончеви централи

Има уште слободни капацитети за сончеви централи

Регулаторната комисија за енергетика информира дека се останати  189,5 киловат часови  за фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност помала или еднаква на 50 кв и 107,405 кв за фотонапонски електроцентрали со инсталирана моќност поголема од 50 кв, а помала или еднаква на 1 мв.

Согласно Одлуката на Влада за ова можат да аплицираат заинтересираните субјекти и да добијат решение за стекнување на привремен статус на повластен производител на електрична енергија произведена од обновливи извори на енергија.

Според статистиката на Регулаторната комисија за енергетика во Македонија има вкупно 105 фотонапонски централи од кои што изградени се 63 и пуштени во употреба, а останатите 42 се со привремени решенија.

Фотонапонски централи кои се со капацитет од 50 киловати до 1мегават се вкупно 24 од кои за 17 се издадени лиценци, тие веќе произведуваат струја, а уште седум се со привремени решенија.