четврток, 8 декември 2016  |  Вести денес: 37

Имаат животен век од 120 години, раѓаат и на 65 и не се разболуваат од рак

Хунзите се стар народ, сместени на самата граница со Пакистан и Индија и познат се по тоа што нивниот животен век трае 110-120 години, па нивното место на живеење е познато како „оаза на младоста“.

pakistan-people

Последни вести

Научници по геоканцерологија докажале дека потполно отсуство на рак се јавува само кај народот Хунзи.

Хунзите се стар народ, сместени на самата граница со Пакистан и Индија и познат се по тоа што нивниот животен век трае 110-120 години, па нивното место на живеење е познато како „оаза на младоста“. Речиси никогаш не се болни, а благодарение на нивните гени секогаш изгледаат младолико.

Тие се вистински пример дека начинот на живот, приближно идеален, навистина постои. Хунзите се капат во ледена вода, дури и на температури од 15 степени под нулата, а и на 65 години раѓаат деца.

Во лето јадат сирово овошје и зеленчук, а во текот на зимата конзумираат суви кајсии, житарици и овчо сирење. Постои период кога Хунзите ништо не јадат, а тој период е познат како „гладна пролет“. Името го добил по тоа што овошјето тогаш уште не е созреано, и тогаш пијат исклучиво сок од суви кајсии. Периодот трае од 2 до 4 месеци, а во нивната историја строго се почитува како високо издигнат култ.

Протеините ги внесуваат во најмали количини, а дневно внесуваат во просек 1933 калории, од кои се 50 грама протеини, 36 грама масти и 365 грама јаглени хидрати.

Од искуството на многу странци новодојдени, кои се доселиле во долината на реката Хунза, заклучиле дека главен фактор на долговечноста е здравата исхрана.

Шкотскиот доктор Мет Херисон, по враќањето од Англија, направил еден експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна како едно лондонско работничко семејство, која подразбирала бел леб, харинга, рафиниран шеќер, конзервирана храна, и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група на животни се хранела со храната на Хунзите и останала совршено здрава.

Книгата „Хунзи-луѓе кои не знаат за болест“ од авторот Р.Бирчер ги дава основните карактеристики на нивната храна, тврдејќи дека тие се клучни за здрав живот.

-Вегетаријански вид на исхрана, голема количина на сурови намирници, во исхраната доминираат овошјето и зеленчукот, природни производи, без никакви вметнати хемии, намирници кои што се спремаат така што се сочувуваат сите биолошко вредни материјали, алкохолот и благите се на списокот на намирници кои ретко се внесуваат, го почитуваат редовно периодот на гладување.

На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, означен во август 1977 година, научниците објавиле дека „според податоците од геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони во светот), потполно отсуство на рак се јавува само кај народот Хунзи.

За нив одењето на 100 до 200 километри дневно, исто како за нас да прошетаме низ куќа. За Хунзите качувањето по стрмни планини е час за работа, а се симнуваат весели и енергични.

Нивните постојано насмеани лица и доброто расположение исто така допринесуваат за нивното добро ментално здравје и физичко здравје.

Најчитани вести