Имај секс со Неимар, Оскар, Рамиреш…

Точно дека има неколку големи пропусти, особено околу изградбата на стадионите, но домаќинот на престојниот Мундијал во Бразил се има надминато кога е во прашање безбедниот секс.

Пред неколку дена во Бразил беа пуштени во употреба „официјалните кондоми”, кои се направени специјално на најважниот спортски настан во 2014 година.

Кондомите се од марката „Пруденце”, а се комбинација од зелена и жолта боја и на нив има испишано број и е напишано името на репрезентативецот на Бразил. Производителот на кондомите очекува голема заработувачка со оглед на тоа што бројот на проститутки во Бразил се зголемува како што се ближи стартот на Мундијалот.