Балкан

Имам две метастази – Николиќ и Вучиќ!

Имам две метастази – Николиќ и Вучиќ!

Претседателот на Српската радикална партија (СРС) и хашки обвинет Војислав Шешељ, вториот ден по пуштањето од притворот на Хашкиот трибунал порачал дека нема доброволно да се врати во Хаг и дека, ако биде потребно, ќе мора да го апсат и испорачуваат претседателот и премиерот на Србија Томислав Николиќ и Александар Вучиќ.

Тоа би било парадокс – да ме испорачуваат оние кои беа мои најблиски соработници и соучесници во воените злосторства и злосторствата против човештвото. Дали мислите дека јас би пропуштил таква прилика?“, изјавил Шешељ.

Зборувајќи за својата здравствена состојба, Шешељ навел дека има две метастази, кои, според неговите информации, можат да се оперираат.

„Знаете како ги викам метастазите – Александар Вучиќ и Томислав Николиќ“, изјавил претседателот на СРС.

„На Вучиќ му беше лесно да му галами на Рама“

Коментирајќи ја реакцијата на Вучиќ на изјавата на албанскиот премиер Еди Рама за независноста на Косово, дадена на конференција за новинарите со српскиот премиер во Белград, Шешељ кажал дека на Вучиќ му „било лесно да му галами на некој бедник од некоја си мала земја“.

„Што не реагираше кога истото нешто го кажуваа некои од големите земји?“, кажал Шешељ.