14.8 C
Skopje
среда, април 24, 2024

Имаме работа со премиер кому не му е тешко да лаже и манипулира

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес беше во посета на Куманово каде оствари средба со голем број граѓани. Мицкоски истакна дека Куманово е град кој неоправдано е занемарен од Владата, а кој по својот придонес е многу значаен за нашата земја.

-Имаме тежок период зад нас, преполн со неисполнети и изневерени очекувања. Имаме работа со Премиер кому не му е тешко да лаже и да манипулира. Ветуваа 500 евра плата, повисоки пензии, поврат на ДДВ, работа за младите, подобро здравство и што уште не. Единствено што добивме се само лаги и ништо повеќе. Економијата тоне и додека Зоран Заев ветуваше живот, бројките покажуваат најмал економски раст во Европа од 0.1 осто. Познавајќи со кого си имаме работа и нивната неспособност за создавање, а исклучителна способност за да излажат, сигурно и за тој 0.1 осто раст излажаа, а во реалноста тој сигурно е цврста НУЛА. И додека се фалат со некаков зголемен буџет не кажуваат дека тој буџет се полни благодарение на странските инвестиции донесени од претходната влада, кои Евро Заев толку многу ги напаѓаше и сега ми е јасно зошто тоа го правеше, затоа што кога инвестициите се во прашање тој само ги признава оние со камионите на Вицето, плантажите со марихуана на картелот на власт, државните тендери за фамилијарните бизниси, пишува Мицкоски на Фејсбук.

Посочува дека тие влегуваат во неповратен процес каде повеќе од сигурно е дека народот ќе ги стави на темната страна на историјата на оваа земја.

-Она што ние можеме да го направиме и заеднички ќе го постигнеме е преку консултација со граѓаните да изработиме и понудиме конкретни решенија за проблемите на граѓаните кои ќе бидат дел од новата програма. Дел од тие решенија кои ќе ги реализираме се поголеми плати во образованието до 50 осто, повисоки пензии за повозрасните за 40 осто, за достоинатвена и безгрижна старост, намалување на даноците, нов лик и преродба на македонското здравство, 500 тина загарантирани вработувања за дипломираните студенти и многу други проекти. И во време кога државата има толку многу неуспеси, кога гледаме дека има пазарења од Владата со честа и достоинството на народот, ве уверувам дека може и мора подобро. И дека Македонија ќе победи, пишува Мицкоски во својот статус на Фејсбук.