Имате само три шанси да се докажете во кревет

Судејќи според последното истражување, жените на своите момчиња лошите љубовнички способности, можат да простат само еднаш,двапати или трипати, но до четврти пат сигурно нема да дојде.

На жените сексот им е многу важен, дури до толку што се подготвени веднаш да ја раскинат врската доколку видат дека партнерот не им одговара во кревет. Истражувањата кои се правени покажале дека најголем број од жените 41 отсто, им дале на партнерите три шанси бидјеќи веруваат дека првиот секс секогаш е загрозен од тремата.

Затоа три шанси се сосема доволни за партнерот да се опушти, а во случај ниту една шанса да не искористи како што треба, без претерано размислување тие би го „откачиле“ партнерот и би ја продолжиле потрагата за подобар љубовник.

Дека не се сите дами толку остри докажува и бројката дека околу 30 отсто од испитанциите кои изјавиле дека не би биле толку исклучиви и дека би се потрудиле партнерот да профункционира во кревет.

Нормално во секоја приказна има и екстремни примери. Дури четири отсто од жените, на партнерот не  би му дале втора прилика. Доколку не ги задоволи од првпат, што се однесува од нив, фраерот може слободно да продолжи понатаму бидејќи не се заинтересирани за понатамошна соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.