Магазин

Имав секс со Хју Хефнер, јас имав 18, тој 78 години

Имав секс со Хју Хефнер, јас имав 18, тој 78 години

Таа нема проблеми со срамот и секогаш кажува се што ќе помисли. Така овој пат поранешната Плејбој зајачица Кендра Вилкинсон проговори за тоа како преку Плејбој вилата стигнала до слава.

Познатата русокоса проговори за сексуалните односи со 88-годишниот Хју Хефнер:

– Ме замоли да станам една од неговите Плејбој зајачици. Не знаев за што точно се работи, но прифатив. Тогаш живеев во најмалиот и најгрдиот стан што постои и имав многу проблеми. Се молев некој да ме извлече оттаму, изјави Кендра.

– Не знаев дека и сексот е вклучен. Тој само ќе прашаше „сакаш ли да одиме горе на катот“ и тоа беше тоа. Јас имав 18, а тој 78 години. Не бевме присилени да имаме секс со него, тоа беше наш избор, додаде таа.

Кендра денес има две деца, а Хју и е далечно минато.