Именуван нов шеф на Националната агенција за безбедност на САД

Американскиот министер за одбрана Чак Хејгел објави синоќа дека поранешниот шеф на Сајбер командата на американската воена морнарица вице-адмиралот Мајк Роџерс е именуван за директор на Националната агенција за безбедност (НСА).

Роџерс (53) на тоа место ќе го замени генералот на армијата Кит Александра кој бил на чело на Агенцијата од 2005 година и во март заминува во пензија. Именувањето на Роџерс треба да го потврди Сенатот.

НСА е под критики од кога поранешниот соработник на таа агенција Евдрад Сноуден ги обелодени документите за тајните програми на набљудување со помош на кои се собираат телефонски и интернет податоци ширум светот и е под голем притисок да го промени начинот на дејствување.

Роџерс исто така е поранешен директор на известувачката служба за здружена команда на американската војска  и долго време е сметан за кандидат за тоа место.