Имери: Ако Србија не го признае Косово, нема разговори

Висар Имери, поранешниот шеф на парламентарната група на Самоопределување во Собранието на Косово и пратеник во новото, синоќа изјави дека преговорите со Србија нема да продолжат ако Србија не ја признае независноста на Косово.

Имери, за приштинската телевизија КТВ, рече дека партијата на Самоопределените ќе остане на своите ставови за договор за постизборна коалиција со Демократскиот сојуз на Косово, Алијансата за иднината на Косово и партијата на Иницијатива на Косово, но нема да има дијалог со Србија без двострано признавање на државите.

Имери, ви интервјуто ја повика и Демократската партија на Косово да се „освести“ и да прифати дека и покрај тоа што доби најмногу гласови на вонредните парламентарни избори на 8 јуни, дека сепак е парламентарно малцинство.

Имери оцени дека точката 127 во која се наоѓа образложението на одлуката на Уставниот суд е оценета за неуставна за за изборот на Иса Мустафа за претседател на парламентот, може да обезбеди излегување од сегашниот политички и институционален грч, како и дека ниедна политичка партија не сака да соработува со Демократската партија.