Името главна тема на продлжението од разговорите меѓу Димитров и Коѕијас

На покана на министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, во официјална посета на Република Македонија од четвртокот доцна попладнето престојува министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Посетата на Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри за надворешни работи, посветен на унапредувањето на односите меѓу двете земји, соопштија од македонската дипломатија.

По вчерашната заедничка вечера, разговорите на министрите Димитров и Коѕијас ќе продолжат во петокот во контекст на напорите за надминување на разликита околу името, како и на други билатерални прашања од заднички интерес, со акцент на имплементацијата на Мерките за градење доверба.

Денеска од 9 часот наутро ќе почне прво средбата меѓу Димитров и Коѕијас, по што ќе има и пленарни разговори меѓу делегациите на двете земји.

Потоа од 10,50 до 11,20 часот предвидена е и конференција за медиумите на министрите Димитров и Коѕијас во амфитеатарот од Министерството за надворешни работи на Македонија.

За време на престојот во Македонија, министерот Коѕијас ќе биде примен и од претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, како и од заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, соопшти МНР.