Колумни

Името! Гол! Го…! Не е гол, судијата рече ГООООЛ! Сменија. О Д А М Н А ! ! !

Името! Гол! Го…! Не е гол, судијата рече ГООООЛ! Сменија. О Д А М Н А ! ! !

Стварно, имате сеуште нерви да сте играч во оваа фудбалска наместена утакмица бетер од онаа во Велгошти и Долно Лакочереј со преку 223 гола? И мислите дека се игра во живо? (Зборам за политичкото миље или за фудбал?) За жал никој да прогледа дека сме само игра во Плејстејшн 4 ПРО и сите потези некој ги влече од далеку преку џојстик Pro Evolution Soccer 2012-2018.

Се подготвував со недели со текст за почетокот на Светското првенство во фудбал и како и секогаш, од 1992 година откако сум во медиуми, тоа па тоа едно па исто- името – името – името.

Игравме против голема мечка, париравме и со корумпирани политичари и тоа прилично добро и издржувавме. По пат политичарите и јавните личности понесени од бранот на народна воља се возгордеаја дека се на врвот на правдината и бранејќи национални интереси се што правеа (дури и криминал) си го оправдуваа со виша цел. Во меѓувреме мои колеги, ваши сограѓани и претежно политичари добро се искорумпираа за и покрај народната подршка да почне да се топи. Зошто? Не, народот не сака промени кои задираат во неговото битие, но си ја носи вината зад кого застана, и такви исти и ден денс ве повикуваат и иако има една дека кога е криза сите треба да се обединиме, еве и јас лично ми се превртува желудникот кога ќе видам дека криминалци сега станале национални спасители. Знаете што, убеден сум дека токму такви јавни и политички личности ни се дадени да бидат борци за одбрана оти кај и да е и народ и за највозвишена цел ќе си рече – до *урца – пардон мај френч.

Наскоро ќе правам јубилеј, 20 години од постоењето на емисијата „Јади Бурек“, само сакам тука на напишано да ја повторам реченицата која си ја запишав во тефтерот кога почнав – ЦЕЛАТА ИГРА Е ОКОЛУ ИМЕТО И ЌЕ СЕ БОРАМ ДА ПОМГНАМ НА НАРОДОТ, НО АКО ДОЗВОЛИТЕ ДА ДОЈДЕ ДО ТОЈ МИГ, НЕ МЕ ВИКАЈТЕ – ЌЕ ГРИЦКАМ ПУКАНКИ ТОГАШ – НЕ БУРЕК.

Покрај сите теми кои ги опфаќам бев решен се’ да направам да помогнам Македонија и Македонците се изборат за име , идентитет и тоа го правев како што го правев и вие сте свесни колку трпев и колку бев напаѓан заради тоа. Но, и кажав дека целата игранка со Македнија е промена на името и дека тоа може да се спречи само со навремена реакција бирање вистински политичари, меѓународни сојузници и давање поддршка на доблесни луѓе (а не на мазгови) кои нема да ви го кажуваат она што сакате да го слушнете, туку она што е и како е. За жал, ние ќе сносиме вина, сите заедно, оти не избравме подобро, оти интелектуалното водство беше под секое ниво и со такви, како-така, добро се боревте. Сепак, со Голема Мечка си имавме борба, преголема. Се чудам како и до олку издржавме.

Едни се крстеа во Русија (онтолошко промашување) други во некои небулозни центри, и ние сите комплет, цела меѓународна го спроведе овој проект и силата која ја имавме на протести не ја канализиравме со сериозна правно – политичка битка по институции. Со години ви кажував дека митинг е топ, ама што потоа? Е тука паѓавме, а кога ќе падневме, политичарите зад затворени врати беа добро обработувани. А, најбедните се занимаваа со пребројување кој излгел, а кој не!?!?

Нејсе, ако имате нерви читајте ги другите, дури и мене ми е мачна пишанкава за листингот на диџејот после журката, оти ама баш нема никаква поента откако се’ заврши. Ај да си повторам – себе за сведоштво. Кој ме знае памети знае, повторувам, дека секоја година еднаш месечно, 20 години наназад кажував: ЌЕ СЕ БОРАМ ЗА ИМЕТО, НО КОГА ЌЕ ДОЈДЕ ДО СМЕНА ЈАС ЌЕ ЈАДАМ ПУКАНКИ! Затоа што знаев дека ако дојдеме до тоа, нема да се спаси, мораше да се спречи многу, многу, многу порано. Одамна е предоцна.

Подолго време моите сетила се затапени и никаква дразба не делува на мене, откако конечно сфатив дека играта одамна е завршена и сега гледаме театар-филм-проекција како да се дојде до одјавната шпица. За ваш атер, ја паметам оригиналната кино-верзија на Апокалипса, која траеше скоро 3 часа (играше на Белградскиот ФЕСТ), а само одјавната шпица траеше преку 20 минути. Голем филм изгледавме, ама многумина не сватија дека се во него и дека се играат последните сцени – се беше наместено, се! Јас од лани само ја гледам одјавната шпица, но кога ќе го кажев тоа ми се нафрлаа од сите страни …нејсе, не ликувам што бев во право, јас не сум ни политичар, ни аналитичар, тоа колегите се чаламат со нивното пренапумпано его, јас само коментирам она што го гледам. Да, јас сум луд, ама не, не сум глуп и самите знаете, затоа толку многу иритирам одредени пеземеци.

Само едно жалам што изгубив минатиот период, а се’ заради посветеноста кон мојот народ кој бараше помош и поддршка, коментарите од Свесткото првенство во фудбал. Немало позабавна и поголема шема во медиумите од оваа. Нема новинар кој е на ТВ секоја вечер, секој ден, а згора и преноси, два пати на ден, месец дена. И кога ми ги укинуваа термините, многумина наместо поддршка повеќе се расправаа со мене дали сум кажал ќумбе, дали сум навредил играч на Јувенстус итн, итн… Со години, исто како и за емисијата, кажував дека ми треба ваша поддршка, си мислевте – ма има кој тоа да му плати #јанкосвињадебела и еве не сега, ќе си слушате преноси и коментатори на МРТВ, кои очигледно им станаа мили на многумина.

Изгледа дека народот не сака фудбал, како јас и моите другари, да се забавува, да ужива, да навива. Не, публиката сака да го слушне она што им годи, не она што е, па макар низ забава кажано. И така, очигледно овде, со вас, нема место за забава, уживанција, смеа, фудбалот го направите погребна цермонија.

И сега чуму го пишувам ова?

Па, интересно е што добив се’ повеќе јавувања, писма, коментари да се вратам пак да ги правам преносите. Дечки, сакав многу сакав и кога големите газди ме шупчеа не ми поверувавте дека ќе згаснат. Еве, згаснаа? И сега каде да се вратам? Немам радио, немам ТВ. И? Си пишувам себе за сведоштво, еден ден кога ќе се разбудам од сон од некаков болен акутен запек да ми текне како изгубив драгоцена работа и за жал, да беше до мене, лично, ќе имаше, за жал, се обидував да ви кажам дека треба поддршка, треба конкретна поддршка од вас…таа изостана или тотално не реагиравте на време и сега сме … кај што сме … за фудбалски преноси или за името беше муабетот?

Португалија финалист!