Свет

Над 800 имигранти спасени кај Италија

Над 800 имигранти спасени кај Италија
Над 800 имигранти спасени кај Италија

823 имигранти биле спасени изминатата ноќ од страна на италијанските граничари во осум различни операции, додека од морето биле извадени 12 безживотни тела.

Над 70.000 имигранти пристигнале италијанскиот брег од почетокот на годината, што е рекорд во однос на претходната година, кога се регистрирани 64.000 мигранти во првите шест месеци.

Берлин и Париз вчера во Луксембург се обврзаа дека ќе земат третина од 60.000 имигранти кои ЕУ планира да ги прифати за да и помогне на Италија и на Грција, кои се под многу силен миграциски притисок.