Имињата на загинатите во хеликоптерската несреќа, ќе се знаат по соопштувањето на семејствата

МВР ja потврди хеликоптерската несреќа синоќа во Струмица и дека се работи за полициски хеликоптер како и тоа дека во несреќата има жртви.

Имињата за загинатите ќе бидат соопштени откако ќе бидат известени нивните нивните семејства.

Според синоќешните информации, хеликоптерот најверојтано прво удрил во неосветлена антена. Неколку миниту се вртел во воздухот неосветлен и создавал бучава пред да се сруши.

Инаку, ова не е прва несреќа со хеликоптерите МИ17, во 2008 година ваков хеликоптер се урна на Блаце и загинаа 11 припадници на АРМ.

За повеќе детали од истрагата, МВР закажа прес конференција во 11 часот.