Имобиле заинтересиран само за трансфер во Борусија од Дортмунд

Извршниот директор на германскиот бундеслигаш Борусија од Дортмунд, Ханс-Јоаким Ватцке потврди дека репрезентативецот на Италија и стандарден првотимец во дресот на калчолигашот Торино, Чиро Имобиле, сака да биде најнова милонска аквизиција на вицешампионот на Германија.

„Јас можам да потврдам дека напаѓачот на Торино, Чиро Имобиле е заинтересиран за трансфер во редовите на Борусија од Дортмунд. Сака да игра за нашиот клуб. Нема што друго да додадам. Ако има нешто ново, сигурно ќе има и официјално соопштение. Јас нема да ја скоријам информацијата дека пред неколку дена бев во Италија каде разговарав со челниците на Торино и со тие на Јувентус. Имобиле е во ко-сопственост на двата клуба”, изјави Ватцке.

Италијанските и германските фудбалски медиуми се убедени дека најавениот трансфер ќе биде реализиран во следните неколку дена, а од продажбата на 24-годишниот напаѓач, градските ривали од Торино ќе заработат по 10 мил. евра.