Имотен спор блокираше возила на три амбасади во Црна Гора

Возилата на амбасадите на Босна и Херцеговина, Франција и Словенија, се најдоа како заложници на имотниот спор кој го имаат подгоречкото семејство Вучевиќ и Дирекцијата за имот на Подгорица.

Возилата биле блокирани повеќе од осум часа со камион кој во целост го парализирал сообраќајот. Сообраќајот се нормализирал откако пајак го помесил камионот.

Амбасадите се наоѓаат на парцела на семејството Вучевиќ, каде уште од 1992 година е изградена улица. Семејството ја блокирало улицата бидејќи и по 22 години, Дирекцијата не му ја исплатило договорената сума за експроријација за земјиштето.