петок, 26 мај 2017  |  Вести денес: 29

Импичмент на политичката елита

StefanVlahovMitcov

Последни вести

Наместо циркузантскиот импичмент на претседателот Иванов, кој се спроведува во Собранието, имам сериозен предлог:

ИМПИЧМЕНТ НА ЦЕЛАТА ПОЛИТИЧКА ЕЛИТА!

Доста веке од „кооперативни“ идиоти кои за пари, за власт, од проститилак или од страв го продаваат и македонскиот народ, и македонската држава. Доста од зборови на политички проститутки, кои притоа ги менуваат секој ден. Жалам, што не живеам во време на достојни мажи и жени, на луѓе за кои ставот е став и кои остануваат на ветеното по цена на се’. Всушност, не ни е виновно времето. Денес е исто толку драматично како пред 70 или пред 100 години.

ИСТОРИЈАТА НИ СЕ ПОВТОРУВА, НО КАКО ФАРСА.

И пред и по Илинденското востание, и пред и по Балканските војни драмата е со големи патриоти и со големи предавници. Денес фарсата е со лажни, вербални патриоти и со ситни предавници, толку богато платени, а толку ситни, та не чинат и коку цената на еден куршум.

И ОД ДВЕТЕ СТРАНИ ИМАМЕ ОБИЧНИ СУРТУЦИ, ГЛУВЦИ И ПОЛЖАВИ.

Политичката деградација не е само македонска, ниту само балканска. Таа е во светски рамки. Секојдневно ги гледаме и нашите странски газди непријатели: Бејли, Гарет, Орав, Хан, германскиот хохштаплер, тројцата европски глупаци и т.н., кои пред пола век немаше да ги земат и за свирачи на дудук. Ама денес отсвируваат со ЕУ и сакат да ни отсвират и нам. И зошто не, кога луѓе за психијатрија се официјално примани од врвните луѓе во државата, а партиските лидери им се поклонуваат доземи. И прифаќаат се’, независно колку штетно е тоа за Република Македонија и за македонскиот народ. Уште пред година јасно се виде дека така наречениот Извештај на Прибе е идиотизам, но добро смислен идиотизам, кој има за цел да ги раздрма македонските служби за безбедност, МВР, судскиот систем, ДИК и медиумите и да ја направи државата уште послаба и зависна однадвор. Прибе сакаше контролата врз државата да биде дадена на соросоидите (денешните „шарени“), но денес дури лидерите на ВМРО-ДПМНЕ ветуват дека ќе прават реформи според уцените на Прибе. Се виде колку штетен е договорот од Пржино, ама сега ке го реанимират. Се гледаат антидржавните дејствија на нелигитимното СЈО, ама ни Уставниот суд, ни Собранието, ни владејачката партија не смеат да го укинат. Од професорската корупција се виде дека нечинат и реформите во образованието направени по западен терк. И нема зошто да се чудиме дека магистратури и докторати се препишуваат од Интернет. Се разоткрија доволно европратеници и лидери на ЕУ кои добиле звања на таков начин.

Кога се прават реформи? Кога се смета дека се потребни за јакненето на државата и се во корист на граѓаните. НАШИТЕ РЕФОРМИ И ВО ОБРАЗОВАНИЕТО, И ВО ЗДРАВСТВОТО, И ВО ОДБРАНАТА, И КАДЕ УШТЕ НЕ, НЕ СЕ ПРАВАТ СО ТАКВА МИСЛА. СЕ ПРАВАТ ЗА ДА СЕ ПОКРИВААТ НЕЧИИ КРИТЕРИУМИ: НА НАТО, НА ЕУ И СЕКАКВИ ДРУГИ СТРАНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ. Ние не живееме, туку покриваме критериуми. Тоа го правиме за да се прилагодиме кон едни, кон втори, кон трети. Македонскиот народ два милениуми е…

Најчитани вести