Импичмент на политичката елита

Едни мислат дека лидерите на ВМРО-ДПМНЕ се чисти и затоа попуштаат. Други мислат дека го прават тоа затоа што се извалкани. И едното и другото се ненормални потези, затоа што не станува збор за индивидуи, туку за спас на државата. Притоа зачувувањето на една држава може да ги исчисти и највалканите луѓе (Сталин).

Всушност тука главна улога нема ниту чистотата, ниту валканоста, туку СТРАВОТ. Политичките глувци се надеват дека со безброј калкулации и умилкувања на САД, со кои ја уништуваат Македонија, ќе успеат да избегат од судбината на Трајковски и Џинѓиќ. ЗАТОА ИЗБОРИ ЌЕ ИМА ТОГАШ КОГА ИНТЕРЕСИТЕ НА  САД ЗА РАЗНЕБИТУВАЊЕ ДО КРАЈ И УНИШТУВАЊЕ НА ФОРМАЛНО ПОСТОЕЧКАТА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА ЌЕ БИДАТ ИСПОЛНЕТИ. Македонските граѓани го гледаат тоа и оттаму е нивниот скептицизам. Тој скептицизам оди во прилог на Американците ако е пасивен. Уште пред одлуката на Советот на министри на ЕУ за Македонија (како може некој да одлучува за држава која не е член на Унијата?) владејачката партија и Влада ги прифатија допуштените мимимални права. Министерот на МВР Чавков лови и ослободува ситни криминалци и „шарени“. Груевски отвара градинки и сали и бара инвестиции. Но, обратете внимание, инвестиции пред се’ од САД и Западот. Бејли управува со државата-колонија, а негов помошник е Заев, кој во иднина ќе биде сменет со некој полуидиот, иако во СДСМ дури полуидиотите се реткост.

Со два збора, САД и вазалите од ЕУ веќе ја мислат Македонија за умрена. Затоа и не ја кријат поврзаноста со Сорос, со терористите кои слободно се увезуваат во Македонија. ТОА Е  ДИРЕКТЕН ПУЧ КАКО ПО УЧЕБНИК. ПО УЧЕБНИК Е И ПОВРЗАНОСТА МЕЃУ ЗАПАДОТ И ТЕРОРИЗМОТ НА ПОЛИТИЧКО, ЕКОНОМСКО И ВОЕНО РАМНИШТЕ. При такво фатално окружување на македонската држава и продорот во сите државни институции, нејзиниот крај е логичен. Пресврт може само во два случаја. Едниот е ако „умрената“ ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер веднаш се пробудат и користејќи ја поврзаноста мегу странските и домашните политички фаци со терористите на Сорос и исламистите СПРЕМАТ УДАР ВРЗ СИТЕ ПО ЦЕЛАТА ВЕРИГА. Шанса за тоа има, затоа што никој не очекува жестока реакција од „умрена“ партија и лидер. Независно од шансите, практично тоа е тешко остварливо, Затоа што, повторно ќе кажам, станува збор за менување на психата и враќање на самодовербата, која е уништена кај македонските лидери.
Другиот излез е организирање и самоорганизирање на овие 30-ина проценти од македонските граѓани кои не припаѓаат на ниту една партиска сила, т.е. не се зависни од партиски лидери. Пасивниот револт на тие Македонци, кои го бранат своето име (идентитет) одговара како на странските агресори, така и на досегашната политичка елита. Таа независно од својата страшливост сака да биде на чело на државата до нејзиното уништување и е верна на принципите „Државата тоа сум јас“ и „По мене и потоп“.

ЛЕКОТ ЗА ТАКВИ ФОТЕЉАШИ Е УЛТИМАТУМ КОН НИВ ОД МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДА ГИ ИСПОЛНАТ ОБВРСКИТЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА ДРЖАВАТА, ПОТОА АКО НЕ СЕ ОСВЕСТАТ – ИМПИЧМЕНТ И РАСЧИСТУВАЊЕ СО НИВ. ЗА НА КРАЈ – НОВИ ЛУЃЕ КОИ ЌЕ ГИ СРЕДАТ ДОМАШНИТЕ И СТРАНСКИ ДУШЕГРИЖНИЦИ И ЌЕ ГО ВРАТАТ ДОСТОИНСТВОТО НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ДРЖАВА. ВРЕМЕТО НЕ ЧЕКА. ВО ПРАШАЊЕ СЕ МОЖЕБИ ДЕНОВИ.