Импичмент за Иванов ако не го потпише договорот, а референдумот е позитивен

Премиерот Зоран Заев најави дека парламентарното мнозинство ќе побара импичмент на претседателот Ѓорге Иванов доколку тој не го потпише договорот за името со Грција, ако граѓаните на референдум се изјаснат позитивно.

Заев денеска гостувајќи во емисија на Канал 5 телевизија изјави дека ќе направи сè да ја спречи евентуалната блокада на Иванов на договорот за името.

„Парламентарното мнозинство ќе го зголемиме исклучиво за импичмент на претседателот. Заврши времето на пренамагање, на лажење, на лични калкулации и политички калкулантства. Македонија мора да излезе напред и конечно има шанса преку своите граѓани да одлучи каква иднина сака. Граѓаните ќе одлучат за тоа прашање“, рече Заев.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.