„Имрџинг Јуроп“: Политичките превирања во Македонија не ги обесхрабрија странските инвеститори

Политичките превирања во Македонија не ги обесхрабрија странските инвеститори. Британскиот портал „Имрџинг Јуроп“ објави анализа за економскиот развој на Македонија. Порталот, кој се занимава со економски и бизнис анализи, но и со политичките фактори за развој на економијата, за земјите од Централна и Источна Европа, направи анализа на тоа како Македонија од 81-то место во 2006-тата година во извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светска Банка направи скок од цели 69 места за овие 9 години.

Во анализата порталот се концентрира на големиот број странски инвестиции, на условите за инвестирање, но и на долгорочните цели на Владата. „Имрџинг Јуроп“ на самиот почеток на текстот напоменува дека минатогодишниот скандал со прислушувањето ја парализира државата, но се потенцира дека тоа не ги обесхрабри странските инвеститори.

Премиерот Никола Груевски си поднесе оставка во јануари 2016-тата, откако беше на власт од 2006-тата, како резултат на преговорите предводени од еврокомесарот Јоханес Хан. Македонија е во исчекување на новите избори што ќе се одржат на 5-ти јуни годинава, а во моментов на власт е преодна влада. Како и да е, политичките превирања во изминатите 12 месеци не ги обесхрабрија странските инвеститори. Меѓу нив се и американската Кап Кон и италијанската Витили Груп. Во декември 2015-тата американскиот произведувач на воздушни перничиња, основа производство во Македонија во слободната економска зона во Скопје. Инвестицијата вреди околу 17 милиони евра. Во моментов се вработени 100 лица, но планот е таа бројка да се зголеми до 500 лица во следните три години, пишува порталот.

Две нови инвестиции во февруари 2016-тата

Во февруари 2016-тата, италијанската Витило Груп ја отпочна втората фаза од својата инвестиција во производството на хидраулични направи под висок притисок и армирани гумени црева, во слободната економска зона во Скопје, а најави дека планира понатамошно проширување во 2017-тата. По завршувањето на ова проширување инвестицијата во Македонија ќе достигне 30 милиони евра и ќе отвори 300 работни места.

Отпочнувањето со работа на втората фабрика на Витило Груп
Отпочнувањето со работа на втората фабрика на Витило Груп

Витило Груп одлучи да инвестира во земјата по втор пат поради позитивното искуство (во првата фаза од проектот), но првенствено и најмногу поради долгорочната одржливост на целите на македонската влада, рече Антонио Витило, извршниот директор на компанијата.

Скок од 69 места во извештајот „Дуинг Бизнис“ на Светска Банка

Овие долгорочни… (повеќе на следната страна)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.